Moj Novac -> Financijski portal
     
 
 
 
 
  Aktivne teme Svi forumi Registracija

Povratak   Moj Novac -> Forumi > Investiranje > Regija > Makedonija

Odgovor
 
Opcije na temi
Old 04.07.2007., 12:54   #1
Pretorian
Praetorian
 
Član od: 17.04.2007.
Poruka: 145
Default MK News

Mislim da je vreme pokupiti sve najnovije vesti o MK deonice na jedno mesto,kako bi ovaj sub forum dobijo malo na organizaciji.
Pretorian is offline   Reply With Quote
Old 04.07.2007., 12:55   #2
Pretorian
Praetorian
 
Član od: 17.04.2007.
Poruka: 145
Default Odgovor na: News...MK

Време, број 1116, 04.07.2007


[Печати ја статијата] [Испрати ја статијата на пријател]
СПОРЕД ЛОНДОНСКИ МАГАЗИН
„ИК банка“ најдобра банка во Македонија

Извозна и Кредитна Банка е прогласена го доби признанието „Најдобра банка во Македонија во 2007 година“ од магазинот „Фајненс Сентрал Јуроп“ од Лондон, соопштија во банката.
“ИК банка е добитник на признанието во категорија на средни и мали банки со што се потврдува успешноста во нејзиното работење, како средна по големина банка во земјата. Анализирајќи го целокупниот Банкарски пазар, а во однос на тоа остварувањата на ИК Банка во изминатите неколку години и динамиката на развој и оваа година, овој етаблиран магазин се одлучи за ИК Банка“, пишува во соопштението од банката.
Банките биле рангирани според активата, капиталот, остварениот профит, РОА и РОЕ од кои показатели се издвои и награди најдобрата банка. „Активата на ИК Банка, заклучно на крајот на мината година изнесуваше 5,19 милијарди денари, а по првите шест месеци од 2007 година таа ќе достигне преку 6 милијарди денари. Капиталот и резервите на крајот на 2006 година беа 1,01 милијарди денари, а со завршетокот на првото полугодие годинава се очекува истиот да се надмине. Остварениот нето-профит на крајот на 2006 година беше 153,3 милиони денари“, информираа во банката.
Pretorian is offline   Reply With Quote
Old 04.07.2007., 12:56   #3
Pretorian
Praetorian
 
Član od: 17.04.2007.
Poruka: 145
Default Odgovor na: News...MK

Dnevnik 04.07.2007

Металец“ произведува трска за биогориво

Прилепската фирма „Металец“ почна експериментално производство на билката „мискантус“, од која се произведува еколошко гориво.

Директорот Јандре Здравески вели дека опитот го прави за да докаже дека во Пелагонија има поволни почвени и климатски услови за масовно производство на оваа азиска култура.

- Имаме намера трската „мискантус“ да го замени тутунот на прилепските ниви. Зедовме десетина садници и ги посадивме во дворот. Тие засега успешно виреат. Со посебна технологија од билката се произведува еколошко гориво етанол. Остатоците се користат за греење како брикети. Од хектар треба да се добијат најмалку пет тони етанол и 10 тони брикети. Растението е долгогодишно и вегетира 20 години со едно расадување - објаснува Здравески.

За идејата дознале во Светската банка, од каде што покажале интерес за следење на тестот и за понатамошно масовно производство и преработка.

Новина во „Металец“ се и сопственичките промени. Неколку словенечки и една австриска банка купија 25 отсто од капиталот на оваа фирма за производство на челични конструкции, за што платија 1,2 милион евра.

(Љ.М.)
Pretorian is offline   Reply With Quote
Old 04.07.2007., 13:15   #4
Pretorian
Praetorian
 
Član od: 17.04.2007.
Poruka: 145
Default Odgovor na: News...MK

Време, број 1116, 04.07.2007


[Печати ја статијата] [Испрати ја статијата на пријател]
БЕЗ ЦАРИНИ ЗА ГОРИВАТА
Екодизел 5-горивото ќе се увезува без царина

Владата поднела иницијатива за укинување на царината за дел од горивата што се увезуваат во Македонија.
- Станува збор за екодизел 5-горивото. Владата ги задолжи министерствата за економија и за финансии да направат измени во регулативата за оваа иницијатива да се реализира. Треба да се направат измени во Законот за царинска тарифа - рече портпаролот на Владата Ивица Боцевски на вчерашниот брифинг со новинарите.
Овој вид гориво не се увезува во земјава. Со неговиот увоз во Македонија, се планира укинување на пониските екодизел-горива.
Владата поднела и иницијатива за ревидирање на тарифниците на Службениот весник на РМ, Централниот регистар, Институтот за акредитација и Бирото за метеорологија.
- Сите тела треба да достават предлог за намалување на тарифите, со единствена цел подобрување на деловната клима во Македонија и намалување на трошоците за бизнис - напомена Боцевски.
Според Владата, намалувањето на тарифите на споменатите институции ќе биде можно само во одредени услуги што тие ги даваат и нивните цени да се намалат за 50 проценти од досегашните.

Г.Г.
Pretorian is offline   Reply With Quote
Old 04.07.2007., 13:16   #5
Pretorian
Praetorian
 
Član od: 17.04.2007.
Poruka: 145
Default Odgovor na: News...MK

Компании
Профитот на Алкалоид поголем за 50% во првите шест месеци
Алкалоид Скопје во првите шест месеци годинава има рекорден раст на профитот од над 50%, информираат од раководството на компанијата, врз основа на неревидирани финансиски извештаи.
“Во првата половина од годината остваривме рекорден профит од 215 милиони денари (3,5 милиони евра), што е над 50% зголемување на нето добивката во однос на истиот период лани “, вели Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид Скопје.
Ваквиот раст на профитот на Алкалоид Скопје, според Мукаетов, се должи на зголемената продажба и извоз на производите на фармацевтската компанија.
Во првите шест месеци, според неревидираните финансиски извештаи на Алкалоид, растот во делот на продажбата е 20%, вклучувајќи ги во ова сите производи на Алкалоид, заедно со премазите. Без производството на премази, растот на продажбата е околу 10%. Извозот за периодот јануари-јуни, во апсолутна вредност ја надминува цифрата од 20 милиони евра.
Инаку, на годишно ниво, Алкалоид минатата година ја заврши со раст на нето добивката од 5,9%, или во апсолутен износ профитот на компанијата за 2006 година беше околу шест милиони евра (341,5 милиони денари).
Алкалоид има претставништва во 13 градови, во кои има над 120 вработени. Лековите и козметиката на Алкалоид Скопје, освен во Македонија, се продаваат на пазарите во земјите на поранешна Југославија, во Бугарија, Албанија, Швајцарија, Русија и во Колумбос и Охајо во САД.

(Тотал)
Pretorian is offline   Reply With Quote
Old 07.07.2007., 14:12   #6
Pretorian
Praetorian
 
Član od: 17.04.2007.
Poruka: 145
Default Odgovor na: News...MK

ЈОРГО ЌУКА, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АД „ОХИС“
Преку платината некој сака да го дестабилизира „ОХИС“


Преку ширење дезинформации некој сака да го дестабилизира раководството на „ОХИС“ бидејќи сега сме во фаза на продажба, изјави вчера Јорго Ќука, генералниот директор на „ОХИС“. Реакцијата следува по обелоденувањето на информацијата дека во гостиварската фабрика за производство на стаклено влакно „ОХИМ-ГЕС“ (која според податоците на УЈП е ќерка-фирма на „ОХИС“) се кријат 140 килограми платина вредна четири милиони евра.
Според поранешните вработени, најголемата битка во моментов се води меѓу државата и „ОХИС“ за тоа на кого му припаѓа вредниот благороден метал. Во меѓувреме, поранешните вработени, кои штрајкуваат веќе 2,5 години со барање да им се исплатат заостанатите плати, платината ја чуваат во трезор во „ОХИМ-ГЕС“. Тие се повикуваат на судската привремена мерка, која предвидува дека платината не смее да се продава никому додека не им се исполнат барањата на штрајкувачите.
Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) тврдат дека платината е во сопственост на државата, бидејќи „ОХИС“ при трансформацијата не ја пријавил вредната платина.
- Ако „ОХИС“ не докаже дека платината е купена по трансформацијата на фабриката, тогаш металот е во сопственост на државата – велат од ЈПССДП.
Од друга страна, Јорго Ќука, генералниот директор на АД „ОХИС“ тврди дека платината била пријавена при трансформацијата на фабриката и дека не станува збор за чист благороден метал, туку за легура.
- „ОХИМ-ГЕС“ не е ќерка-фирма на „ОХИС“. Фирмата е акционерско друштво регистрирано во трговскиот регистар со познати сопственици евидентирани во акционерската книга. Со увид во книгата лесно може да се докаже дека АД ОХИС нема свои акции во ова друштво – тврди генералниот директор на „ОХИС“.
Според него, информациите биле пласирани со цел да се дестабилизира“ОХИС“ и колективот додека фабриката е во фаза на продажба.
- Станува збор за делови од опрема составена од благородни метали, меѓу кои и платина. Опремата е заедничка сопственост на „ОХИС“ и на ЈПССДП и допрва треба да се направи нејзино разграничување. Таа е евидентирана, попишана и ставена во трезор. Не знам колкава е вредноста на опремата, тоа треба наскоро да се испита и утврди – вели Ќука.
„ОХИМ-ГЕС“ влегол во составот на „ОХИС“ пред 12 години. Во 1998 година „ОХИС“ и ги отстапил земјиштето и објектите на Агенцијата за приватизација, а по една поништена продажба, оваа фабрика останува во сопственост на јавното претпријатие. Фабриката за производство на стаклено влакно престанала да работи откако пред две години била згасната печката на „ОХИМ-ГЕС“.


Директорот на „ОХИМ-ГЕС“ демантира

Во фабриката нема платина во прачки шипки или гранули туку разни елементи од легури на благороден метал што се чуваат во трезор, реагираше вчера Борче Јовановски, директор на „ОХИМ-ГЕС“.
- Не е точно дека фабриката е напуштена. По блокирањето на објектите од страна на поранешните вработени, раководството на фабриката заедно со ЈПССД во изминатиот период има организирано 24-часовно обезбедување на имотот. За состојбите во „ОХИМ-ГЕС“ до ден денес ги информираме сите надлежни институции и бараме помош за реализирање на предложените излезни решенија – се вели во демантот на Јовановски.
Pretorian is offline   Reply With Quote
Old 07.07.2007., 22:38   #7
samba
reinkarnirani korisnik
 
samba's Avatar
 
Član od: 23.10.2006.
Prebivalište: PLANET EARTH
Poruka: 3.436
Default Odgovor na: News...MK

Veliko bravo za otvaranje ove teme.
__________________
samo je ideja kapital,sve drugo je novac.....
samba is offline   Reply With Quote
Old 07.07.2007., 23:03   #8
vikser
ecc
 
Član od: 05.10.2006.
Poruka: 1.997
Default Odgovor na: News...MK

u potpunosti i ja se slazem......sve novine na jedno mijesto ali da to bude na latinici ako moze i da se ne oslonimo samo na dnevne novine iz MKD......u svakom slucaju OK
vikser is offline   Reply With Quote
Old 08.07.2007., 00:53   #9
ProFit
Relaksirani korisnik
 
ProFit's Avatar
 
Član od: 03.05.2007.
Prebivalište: S.K.
Poruka: 2.464
Default Odgovor na: News...MK

mene lici kao da nece Kuka bas lako proci ovog puta... dovoljno je da se jos par puta aktualizira ova tema da bi saznali koji su stavovi, i po "silu zakona" pomrdne ovo zamrseno klupce...

evo latinice.................


JORGO ЌUKA, GENERALEN DIREKTOR NA AD „OHIS“
Preku platinata nekoj saka da go destabilizira „OHIS“

Preku širenje dezinformacii nekoj saka da go destabilizira rakovodstvoto na „OHIS“ bidejќi sega sme vo faza na prodažba, izjavi včera Jorgo Ќuka, generalniot direktor na „OHIS“. Reakcijata sleduva po obelodenuvanjeto na informacijata deka vo gostivarskata fabrika za proizvodstvo na stakleno vlakno „OHIM-GES“ (koja spored podatocite na UJP e ќerka-firma na „OHIS“) se krijat 140 kilogrami platina vredna četiri milioni evra.
Spored poranešnite vraboteni, najgolemata bitka vo momentov se vodi meѓu državata i „OHIS“ za toa na kogo mu pripaѓa vredniot blagoroden metal. Vo meѓuvreme, poranešnite vraboteni, koi štrajkuvaat veќe 2,5 godini so baranje da im se isplatat zaostanatite plati, platinata ja čuvaat vo trezor vo „OHIM-GES“. Tie se povikuvaat na sudskata privremena merka, koja predviduva deka platinata ne smee da se prodava nikomu dodeka ne im se ispolnat baranjata na štrajkuvačite.
Od Javnoto pretprijatie za stopanisuvanje so stanben i deloven prostor (JPSSDP) tvrdat deka platinata e vo sopstvenost na državata, bidejќi „OHIS“ pri transformacijata ne ja prijavil vrednata platina.
- Ako „OHIS“ ne dokaže deka platinata e kupena po transformacijata na fabrikata, togaš metalot e vo sopstvenost na državata – velat od JPSSDP.
Od druga strana, Jorgo Ќuka, generalniot direktor na AD „OHIS“ tvrdi deka platinata bila prijavena pri transformacijata na fabrikata i deka ne stanuva zbor za čist blagoroden metal, tuku za legura.
- „OHIM-GES“ ne e ќerka-firma na „OHIS“. Firmata e akcionersko društvo registrirano vo trgovskiot registar so poznati sopstvenici evidentirani vo akcionerskata kniga. So uvid vo knigata lesno može da se dokaže deka AD OHIS nema svoi akcii vo ova društvo – tvrdi generalniot direktor na „OHIS“.
Spored nego, informaciite bile plasirani so cel da se destabilizira“OHIS“ i kolektivot dodeka fabrikata e vo faza na prodažba.
- Stanuva zbor za delovi od oprema sostavena od blagorodni metali, meѓu koi i platina. Opremata e zaednička sopstvenost na „OHIS“ i na JPSSDP i doprva treba da se napravi nejzino razgraničuvanje. Taa e evidentirana, popišana i stavena vo trezor. Ne znam kolkava e vrednosta na opremata, toa treba naskoro da se ispita i utvrdi – veli Ќuka.
„OHIM-GES“ vlegol vo sostavot na „OHIS“ pred 12 godini. Vo 1998 godina „OHIS“ i gi otstapil zemjišteto i objektite na Agencijata za privatizacija, a po edna poništena prodažba, ovaa fabrika ostanuva vo sopstvenost na javnoto pretprijatie. Fabrikata za proizvodstvo na stakleno vlakno prestanala da raboti otkako pred dve godini bila zgasnata pečkata na „OHIM-GES“.


Direktorot na „OHIM-GES“ demantira

Vo fabrikata nema platina vo prački šipki ili granuli tuku razni elementi od leguri na blagoroden metal što se čuvaat vo trezor, reagiraše včera Borče Jovanovski, direktor na „OHIM-GES“.
- Ne e točno deka fabrikata e napuštena. Po blokiranjeto na objektite od strana na poranešnite vraboteni, rakovodstvoto na fabrikata zaedno so JPSSD vo izminatiot period ima organizirano 24-časovno obezbeduvanje na imotot. Za sostojbite vo „OHIM-GES“ do den denes gi informirame site nadležni institucii i barame pomoš za realiziranje na predloženite izlezni rešenija – se veli vo demantot na Jovanovski.
__________________
Ako nemas visak pari, ne si igraj berza ;-)
ProFit is offline   Reply With Quote
Old 08.07.2007., 09:39   #10
Terminator_Sk
Registrirani korisnik
 
Terminator_Sk's Avatar
 
Član od: 26.04.2007.
Poruka: 1.548
Default Odgovor na: News...MK

Evo i od mene podrska sto se nasao neko pametan da "sistematizuje" informacije iz novina....

Aleksandar Makedonski je Gordijev cvor "resio" jednim zamahom maca....
Terminator_Sk is offline   Reply With Quote
Odgovor

Opcije na temi

Pravila
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Idi na forum:


Prikaz vremena: GMT +2. U trenutku učitavanja stranice, bilo je 10:22 sati.


Powered by vBulletin® Version 3.7.5
Copyright ©2000 - 2019, Jelsoft Enterprises Ltd.